Новости

Настани

Вечерва во Битола самостојна изложба на Петра Јовановска

Самостојна изложба на ликовната уметница Петра Јовановска со наслов „Патувајќи низ кругот“ со нејзините две гостинки од Р. Чешка Ленка Сарова Малиска и Варвара Дивишова.

Изложбата ќе се одржи во Галерија Магаза во Битола на денес, 16 мај во 19 часот и ќе ја отвори амбасадорот на Р. Чешка Н.Е. господин Мирослав Томан.

Авторката по долг период го истражува кругот, се навраќа на него, се сретнува со него или пак патува низ кругот. Круг како едноставен геометриски облик, кој преставува за авторката голема симболика и функција. Создава чисти геометриски композиции, така ја нагласува улогата на кругот или пак го става кругот во некоја споредна улога. Круг како симбол на бесконечност, целина, нешто што нема почеток ниту крај, симбол на внатрешна слобода.

Тргнувајќи од медиумот графиката, пред се од графичките сегменти изработени во графички техники како што е сув печат и линорез, па користејќи и други ликовни техники како цртеж, слика, колаж, фотографија доаѓајќи до мултимедијална техника.

Петра Јовaновска има завршено Ф.Л.У. смер графика во класата на проф. Димче Николов. До сега реализираше 38 самостојни изложби / Р. Македонија, Р.Чешка, Франција, Србија, Хрватска, Полска, САД, Германија/. Има учествувано на голем број групни изложби, добиено неколку награди и земено учество на голем број меѓународни ликовни колонии и симпозиуми.

Нејзините гостинки од Р.Чешка веќе се познати на македонската ликовна сцена, двете авторки имаат земено учество на неколку ликовни колонии / Струмица, Охрид / и учествувано во патувачката изложба на група уметници од Р.Чешка и Р. Македонија која се реализираше во неколку градови / Скопје, Струмица, Демир Капија, Велес, Кавадарци, Прилеп, Неготино /.

Студирајте на БАС
To Top