Новости

Настани

Вечерва прилепскиот бенд „The Hounds“ прославуваат 10 години постоење

Вечерва познатиот прилепскиот рок бенд „The Hounds“ прославуваат 10 години од својата прва свирка како и промоција на првиот албум „Кај ни се срцата“.

Откако за прв пат се појавија, зад себе имаат голем број на настапи, концерти, песни, видео спотови.

– Прославуваме 10 години постоење односно од нашата прва свирка, роденденски концерт кој што го правиме и секоја година со прилепски изведувачи, но годинава имаме изведувачи и надвор од Прилеп. Ќе учествуваат и голем број на ликовни уметници кои ќе го цртаат целиот настан. Ве очекуваме сите заедно да го прославиме нашиот роденден. – изјави фронтменот Златко Карчески.

Во старата прилепска чаршија со голема роденденска забава на која ќе настапат The Hounds, имаат и свои гости изведувачи кои заедно ќе го прослават овој јубилеј, а тоа се: Cyrillic, Room 313, Mario Eddie, Александар Ацика, Дарио Сајо Сајоски, Mirror Man, Dj Dejan Pete..

 

Евротип
Евротип
To Top