Новости

Настани

Во Прилеп отворена изложбата-инсталација „Превдомување“

Во ликовната галерија на НУЦК„Марко Цепенков“ е отворена изложбата – инсталација „Превдомување“ од уметницата Јасмина Руневска.

Изложбата ја отвори Бисера Бендевска која истакна дека преку изложбата на Руневска имаме можност да ги погледнеме нашите одрази во сите предмети и да се вклучиме во нивните приказни отворени за допишување, за изменување, за присвојување, а и отфрлање.

-Ова што вечерва е изложено тука ни припаѓа на сите што ќе го населиме овој дом, сите денови додека трае овој настан. Оттаму превдоменоста, оттаму несебичното споделување на авторството на нашиот домаќин – рече Бендевска.

Според неа ,,Домот е местото на нашата огледална проекција што е утописки затоа што е референтна слика на идеалите за постигнување на вистински Дом…Домот не е исклучиво на поединецот, туку е феномен којшто се подразбира по збирна множина…. Во домот и предметите имаат парче од душата“.

Evrotip
Евротип
To Top