Новости

Настани

Во петок изложба „Празна галерија“ од прилепскиот уметник Методи Исков

Во петок 23.11.2018 во 19.30 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ќе биде отворена изложба – инсталација „Празна галерија“ од прилепскиот уметник Методи Исков.

Преку насловот на изложбата ‘’Празна Галерија”, Исков сака да поттикне критичко – филозофски став со кој сите заедно ќе се доближат до призмата низ која се согледува денешниот поглед кон уметноста.

Податоци за уметникот: 

Методи Исков е роден на 24.05.1990год. во Штип. 2009 година завршува Гимназија во Прилеп, јазично-уметничко подрачје. Во 2014 год. дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек вајарство, во класата на Станко Павлески.

Покрај индивидуалните уметнички ангажмани, важен дел од неговото работно искуство е изработката на скулптури вклучени во урбанистички план на град Скопје, учество при изработка на палета мозаици, од кои можат да се истакнат мозаиците во Црквата Св. ”Константин и Елена” – Скопје, мозаик поставен во базиликата на Св. ‘’Благовештение” во Назарет – Израел со ликот на Пресвета Богородица, мозаиците во Црквата Св. ”Петка” – Прилеп итн.

Повеќе мурали во градот Прилеп, од кои може да се истакне муралот во Градска Библиотека ‘’Борка Талески” – Прилеп’, уметничко уредување на ‘’Етно Крушево’’ и многу други.

GOLD
To Top