Новости

Настани

Во петок изложба насловена „Жена“ од Лидија Саздовска во Прилеп

Во петок 14 септември 2018г. во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во 19.30 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „ЖЕНА“ од уметницата Лидија Саздовска, која ќе се претстави со 25 дела.

Изложбата на академскиот сликар и ликовен педагог Лидија Саздовска претставува приказ на богатото творештво кое што било создадено во една поширока временска рамка, односно во текот на четири децении. Низ годините, како што се развивала, созревала и креирала личноста на уметникот, неуморно следејќи го чекорот на длабоко развиената духовна сетилност и интуитивност, се развивал и уметничкиот сликарски израз. Творештвото на Саздовска е класифицирано во повеќе тематски циклуси. Во секој циклус се воочува постепена промена на ликовната интерпретација на женската фигура и портрет, развиток на структурата на самата композиција, како и функцијата на бојата. Сликарските платна постануваат своевидна интимна приказна, запис, а секој циклус прераснува во мемоар раскажан преку бојата и формата.

GOLD
To Top