Новости

Настани

Во петок изложба „DIDYMUS“ од Александра Ацеска во Прилеп

Во петок 19.04.2019 во 20.00 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата DIDYMUS 2019 од прилепската уметница Александра Ацеска (втора нејзина изложба, а прва самостојна во Прилеп).

Изложбата насловена DIDYMUS (Близнакот) е втор самостоен проект на авторката. Проектот е инспириран од дваесет и втората изрека во Житието по Тома (еврејски. תאומא; грчки. Διδυμος, Томас или Близнакот)

„… Јасу им рече : „Кога ќе направите од двете едно, кога ќе направите внатрешното да е како надворешното и надворешното како внатрешното, горното како долното и кога ќе биде машкото и женското едно, така што машкото нема да е машко, ниту пак женското да е женско, кога двете очи ќе гледаат едно и двете раце ќе бидат како една, двете нозе како една, сликата на едно место да биде самата слика, тогаш ќе влезете (во царството)“. (22.Дидим).

GOLD
To Top