Новости

Настани

Во понеделник солистички рецитал на младиот Арсениј Ангелески

Во понеделник, трети сетпември од 20.00 часот во ликовниот салон на ЦК„Марко Цепенков“ прилепскиот млад надежен талент Арсениј Ангелески ќе одржи солистички рецитал на кој ќе се претстави со дела – бисери на светската пијанистичка литература – Бах, Клементи, Менделсон, Шостаковиќ, Рахмањинов…

Ангелески е ученик во осмо одделение во ОМУ„Ордан Михајлоски – Оцка“ во класата по пијано на проф. Христина Никоска. Исклучително талентиран млад пијанист е, зад кој стојат многубројни успешни награди, концерти и настапи не само во земјата, туку и во странство.

GOLD
To Top