Новости

Настани

Во четврток, целовечерен концерт на КУД „Дримкол“ во Прилеп

Под мотото „ Со песна и оро до височините“ во четврток 29.08.2019, од 20.00 часот на платото пред ЦК„Марко Цепенков“ (арт плоштад) целовечерен концерт ќе одржи КУД „Дримкол“ од Вевчани.

Концертот е во рамките на Прилепското културно лето и е во програмата на ЦК„Марко Цепенков“ поддржана од Министерството за култура.

Податоци за друштвото: 

Културно уметничкото друштво „Дримкол“ од Вевчани со своето долгогодишно постоење има оставено белег во македонската историја на традиционални уметнички вредности.

Формирано е под името Печалбар, а подоцна се преименува во „Дримкол“ и од тогаш до денес континуирано и активно работи за негување и презентирање на сценско уметничките вредности со посебен акцент кон фолклорната дејност. Како национално богатство друштвото ја афирмира нашата држава онака како што доликува: квалитетно и достоинствено, а како доказ се освоените дипломи, награди и признанија на домашни и меѓународни фестивали . Богатата изворна вевчанска носија, изворните инструменти, изворните кореографии го прават ова друштво едно и единствено, различно од сите други во Република Македонија. Но и покрај изворниот фолклор на репертоарот на ова друштво се наоѓаат и кореогравски обработки од сите играорни подрачја на нашата држава. Друштвото денес брои 175 активни членови од 7 до 55 години распоредени во составите кои работат во рамките на друштвото:фолклорните ансамбли, пејчката група, изворниот оркестар.

КУД„Дримкол“веќе неколку години е класифицирано како друштво од Прва категорија во рамките на Министерството за култура на Република Македонија, класификација која од една страна претставува признание за долгогодишната успешна работа, а од друга страна и мотив за поголем придонес во развојот на Македонската култура и традиција.

GOLD
To Top