Новости

Настани

Гостување на МОБ во Битола со претставата „Либертанго“

На 14.02.2019 г. со почеток во 19:30ч. ќе гостува Македонска Опера и Балет, со претставата „Либертанго“.

ЛИБЕРТАНГО  нè води низ приказна која ни го покажува создавањето и патот на тангото. Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Танго или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…

Оваа приказна ни го покажува патот на италијанското семејство Пјацола. Висенте и Асунта, родителите на познатиот композитор Астор Пјацола, кои ја доживуваат Аргентина како земја на нивната иднина.

Мајката на Астор, Асунта Пјацола е пријателка со познатата италијанска танчарка Каменчита Кармен Калдерон која е една од првите танго-танчарки во Аргентина. Таа е исто така италијанска емигрантка која го развива тангото заедно со другите танчари. Пренесувајќи ги танго-чекорите на Асунта и Висенте Пјацола, тие заедно го развиваат овој танц.

Музика: Астор Пјацола

Кореографија: Сабрина Боско (Италија)

Режија и либрето: Наташа Поплавска

Сценографија и костимографија: Алексндар Ношпал

Асистент кореографи: Горан Божинов и Олга Панго

Асистент на сценограф: Михајло Стојановски

Асистент на костимограф: Андреј Георгиевски

Репетитор: Билјана Пашариковска

Асунта Манети Пјацола: Александра Мијалкова

Висенте „Нонино“ Пјацола: Васил Чичијашвили (Грузија)

Марија Нивес Рего: Мими Поп Алексова Атанасовска

Хуан Карлос Копес: Игор Веланоски

Карменсита Калдертон: Наташа Јосифовска

Деде Вулф: Марија Јосифовска Ристовска

3 гангстери и танго танчари: Ендру Кук, Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ, Симоне Џиролети

Пјацола – дете: Марко Здравковски

Пјацола млад: Симоне Џиролети (Ендру Кук)

Пјацола стар: Драган Кочоски

GOLD
To Top