Новости

Настани

Два дена ревија на европски филмови во Прилеп

На 27 и 28. 9.2018 во кино Мис Стон при ЦК„Марко Цепенков“ ќе се одржи Ревија на европскиот филм.

Ревијата ја организира Асоцијацијата на филмски професионалци и тв соработници – АФП на Македонија во рамките на манифестацијата НОВ КУЛТУРЕН БРАН.

Проекции на филмови во кино Мис Стон ќе има на

27.09.2018 – „Центарот на мојот свет“ – 20.00 часот

28.09.2018 – „Голијат“ – 20.00 ч.

Влезот е слободен.

Податоци за филмовите: 

„Центарот на мојот свет“ 

Кратка содржина: 

17-годишниот Филсевраќаодлетенкамп и севраќаво домот кадештоживеесонеговатамајка, Глас и неговата сестра-близначка, Дијана. Едвајимаатконтактсодругите жители на селото кои сметаатдекасемејствотонаФил е чудно, а за Дијана велат дека можедаразговарасоживотни. Меѓутоа, честогипосетуваТереза, адвокат, којсекогашимадобрисоветизаФил. Филзабележувадеканештосесмениломеѓунеговатамајка и неговатасестра и декаповеќенезборуваатедна содруга. Но, сепак Фил гипоминувапоследнитеденовиодсвојотлетенодморсо неговиот најдобарпријателКат. Когапочнува со училиште, во неговото одделение доаѓа мистериозниотНиколас. Тој се вљубува во него и неговотопријателствосоКат поради завист и љубомора. Сега пред Фил стои предизвикот да откри што е неговиот центар на светот.

Година:2016 Режија: Јакоб М. Ерва Времетраење:115 мин Земја: Германија/Австрија Жанр:драма Категорија:Трета категорија, 12 +

„Голијат“ 

Кратка содржина: 

Љубовта на Давид и Џеси е ставена на тест кога Џеси ненамерно останува бремена. Помислата дека Давид ќе стане татко му предизвикува паника. Кога тие ќе бидат нападнати во возот, Давид не може да ја заштити својата девојка, со што му се потврдува неговиот страв дека тој не е прав маж за да се грижи за нив. Во очај, Давид почнува да зема стероиди поради што станува агресивен, станува закана за неговата девојка и за нероденото дете.

Година:2016 Режија: Доминик Лохер Времетраење:85 мин Земја: Швајцарија Жанр:Драма

 

GOLD
To Top