Новости

Настани

Денес видео проект „Анатомија на векот“ од Гоце Наневски во Прилеп

Во петок 7 септември 2018 во 20.00 часот во кино Мис Стон ќе се реализира видео проектот „Анатомија на векот“ од уметникот Гоце Наневски. Проектот е поддржан од Министерството за култура во годинашната програма за работа на ЦК„Марко Цепенков“.

Најновиот проект на Гоце Наневски е видеотрилогијата насловена Анатомија на векот. Трите индивидуални видеа имаат концепциско-документаторски карактер. Аспектот на интервју е клучниот двигател во модулирањето на овие посебни тематски микронаративи. Изборот на вистинските говорници го надополнува сижето и му дава звучност и слоевитост на експликативниот контекст. Наневски во оваа трилогија е социјално-политички ангажиран. Неговиот јазик не е буквален и директен, не е априорна реакција и критика на актуелното секојдневие, туку преку малите суштествени наративи со многу генерална конотација укажува на мошне клучни деформации на општествената свест, кои ги дефинираат ликот и опачината на претставникот на едно трансформирачко општество без видлив расплет.

GOLD
To Top