Новости

Настани

Донеси се што не ти треба и одбери го тоа што го сакаш!

СФЕРА Македонија оваа година по втор пат организира размена на непотребните предмети кои веќе не се користат.

„Пролетта е веќе на патот, а заедно со неа доаѓа и промената на облеката во гардеробите. Време е да се “исчистат” домовите на предмети кои веќе не се користат. Концептот на размена е едноставен – да се ослободите од непотребни предмети во домот, да ги пронајдете оние што ги сакате и да не трошите ниту еден денар. Сите ние имаме одредени ставки дома што веќе не ги користиме. Ако објектот е во добра состојба, нема потреба да се завршува во кантата за отпадоци“.
На 19 март SWAP / Размена повторно во Битола!
Настанот ќе се одржи во Порта Џез.

GOLD
To Top