Новости

Настани

Засекогаш во срцата – Камерниот оркестар на Битола со концерт посветен на Тоше Проески

Камерниот оркестар на Битола и оваа година, втора по ред ќе одржи концерт посветен на Тоше Проески – Засекогаш во срцата. Двата концерта ќе се одржат на 2 февруари во Центарот за култура, едниот во 19 часот, другиот во 21 часот. Влезниците се резервираат преку фан страната на Фејсбук на Камерниот оркестар, а денеска информираа дека концертот за 19 е веќе распродаден.

На концертот песни од Тоше ќе изведуваат: Наде Талевска, Андријана Јаневска, Бојан Стојков, Тамара Стојковска, Марија Митревска, Барбара Ракиќевиќ, Марија Груевска и Стефанија Милевска.

GOLD
To Top