Новости

Настани

Концерт на Вокалниот руски ансамбал „Чајка“ во Битола

Вистински спектакл од звуци, традиција и сценска изведба со повеќе традиционални носии и костими, приреди Вокалниот руски ансамбл „Чајка“ синоќа во Пациото при Заводот и музеј Битола. Ансамблот пред публиката го прикажа прекрасниот руски мелос и големиот фонд на костими, а за време на изведувањето на композициите, беа користени елементи од руски танцoви движења.

Рускиот вокален ансамбл „Чајка“ постои од 1999 година, изведувајќи ја руската песна, традиција и танц. Два пати ја претставуваше Македонија на Фестивалот на руската песна во Русија (Москва). Добитник е на првото место на Балканскиот меѓународни фестивал на руската песна во 2014 година.

GOLD
To Top