Новости

Настани

Кубанците Фламенко Екос главна атракција на јубилејниот Фестивал на музика од светот во Битола

Од 16-ти до 18-ти ноември, во Битола ќе се одржи јубилејното издание на интернационалниот Фестивал на музика од светот чиј организатор е Центарот за култура Битола.
Ова е една од најпосакуваните и најпосетувани музички манифестации во градот во текот на годината, на која досега настапиле Ричард Галијано, Наташа Атлас, Васил Хаџиманов, Каролина Гочева, „Фолтин“, Тереза Салгуеро, Карсу Домнез,Исмаил Лумановски и други. Фестивалот ќе го отвори македонската група Синтезис, публиката ќе може да види и еден џез квартет од македонски музичари, а главна атракција ќе биде групата Фламенко Екос од Куба.

Оваа група е основана во 1999 од страна на искусна група танчери и музичари кои се посветени на уметничката продукција, проучувањето и промоцијата на фламенго уметноста.
Неговите уметници поседуваат високо техничко и експресивно ниво како и препознатлив талент и истите технички се обучени од страна на извонредни педагози, танчери, кубански кореографи и личности кои се занимаваат со фламенго како Кристина Хојос, Ева Јербабуена, Маноло Марин, Израел Галван, Хавиер Барон, Герардо Нунезес , Сегундо Фалкон, Антонио Коронел, Хуан Хозе Амадор во рамки на семинарите за фламенко во Хавана, организирани од Кубанскиот национален балет и Андалузиската хунта.

Нивната сценска изведба е дел од многу различни претстави во сите главни театри во Хавана и во земјата, од многу традиционални фестивали, национални и интернационални настани: Фестивалот: Трагите на Шпанија, Интернационалниот Танц-фестивал на Стара Хавана: Град во движење, Иберо-американскиот празник за култура, Меѓународниот фестивал на
театарот, Фестивалот: Алабанзас, Ромерија де Мајо, Денови на танцот и национални турнеи со презентации во сите театри во земјата. ЕКОС, исто така има и меѓународни презентации во Абу Даби, Арапските Емирати и Кувајт.

Од 2009 година, првата балерина и кореограф, уметнички директор и основач Ана Роса Менесес заедно со музичарот, пејач, музички директор и основач Мигуел Чавез, почнуваат свесно креативно пребарување низ шпанскиот и кубанскиот свет и откриваат нови експресивни и уметнички полиња покажувајќи резултат од истражувачкиот процес кој резултираше со
вградувањето на јоруба, кантри музика и танцови елементи од популарната музика на Куба и различни жанрови на фламенко.

Фламенко Екос ќе настапат на 18-ти ноември.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и од Општина Битола.
Светот во Битола, Битола во светот-јубилејно издание на Фестивалот на
музика од светот.

GOLD
To Top