Новости

Настани

„Маалски прикаски (1+2)“ во „Porta Jazz“

Во четврток на 24 октомври ќе се одржи средба со читатели за книгата „Маалски прикаски (1+2)“ на новинарот и писател Синиша Станковиќ во „Porta Jazz“ во Битола, од 18,30 – 20,30 часот.

Покрај авторот, кој ќе потпишува купени примероци и ќе биде ептен расположен за муабет вечерта, водич низ средбата која е замислена и како носталгично патување низ старите добри времиња, ќе биде Дуле Груевски.
Фрагменти од прикаските ќе читаат актерот Филип Мирчевски и авторот, а за музиката „во живо“, се задолжени професорот Александар Талевски и Бојан Ивановски со своите гитари…

Ќе има и македонска евергрин музика, муабети и презентација на фотографиите објавени во книгата, чии автори се деветемина познати македонски фоторепортери: Ѓорѓи Личовски, Огнен Теофиловски, Роберт Атанасовски, Боро Грдановски, Томислав Георгиев, Наке Батев, Андреј Гиновски, Радован Вујовиќ и Маја Златевска.

GOLD
To Top