Новости

Настани

Октетот „Прилеп“ во четврток со целовечерен концерт во ЦК „Марко Цепенков“

Октетот ,,Прилеп,, во четврток 15 август 2019 од 20.00 часот во фоајето на ЦК„Марко Цепенков“ ќе одржи целовечерен летен концерт и пред љубителите на убавата староградска песна ќе се претстави со избрана програма.

Посетителите ќе можат да уживаат во изведбите на повеќе староградски песни, и во настапот на октетот. Гостин на вечерта ќе биде вокалната група „Серенада„ од Скопје.

Октетот години наназад работи под покровителство на ЦК,,Марко Цепенков,, и ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Досега има издадено неколку албуми.

GOLD
To Top