Новости

Настани

Осмо издание на „Незборав“ – ќе се пеат песни од „Битолски конзули“

Понеделеник, 20 август во 20 часот во Центарот за култура Битола ќе се одржи осмото издание на манифестацијата „Незаборав“ на која оваа година ќе бидат испеани песни од групата „Битолски конзули“.

Ќе настапат групата Калабалак, Кирил Стојчевски (хармоника) и солистите Зоран Маневски и Бојан Стојков.

Претходните седум изданија на манифестацијата беа посветени на: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бавтировски, Љупчо Спасеновски (Буба Мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски и Миле Шерденков. „Незаборав“ се одржува во рамките на Битфест, со поддршка од Општина Битола. Влезот е слободен.

GOLD
To Top