Новости

Настани

Отворање на изложба со тактилни слики од современата уметност во Магазата

Н.У. Завод и музеј Битола, продолжува со работа на достапноста на своето движно културно наследство до лицата со попреченост.
Во оваа фаза избрани се дополнителни 16 предмети од одделот за современа уметност (14 уметнички слики и 2 скулптури ) кои ќе бидат достапни за слепи и слабовиди, за посетителите со оштетен слух и говор. Предметите се достапни преку тактилни слики, кои имаат текстови со описи на Брајово писмо, аудио нарација и видеа на знаковен јазик.
Пристапот до видеата и аудиата е обезбеден преку пристап со мобилен телефон со скенирање на кодовите или со директен пристап на веб страната. Текстовите се преведени на англиски јазик. Со ваквите проекти, постојаната поставка на Н.У. Завод и музеј Битола е достапна за сите без оглед на попреченоста. Проектите се изработуваат во соработка со лицата со попреченост и стручни консултации.

Раководител на проектите: Д-р Ирена Ружин
Членови на тимот: м-р Јове Парговски- координатор и ИТ, Татјана Мијатович-изработка на тактилните слики, Владо Ѓорески- текстови, Тесалија Жирова- текстови на Брајово писмо, Милена Милошевич Мицич-консултант, Катерина Шарковска- знаковен јазик, Гимел студио, Силвана Петрова Насух – наратор и превод на англиски јазик и техничка подготовка на слики- Кочов студио.
Поддржано од Министерство за култура.

GOLD
To Top