Новости

Настани

Отворена 11-та изложба на ликовната колонија Дрен 2019 во Прилеп

Вo ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ вчера e отворена изложба на дела создадени на 11-та ликовната колонија Дрен 2019. Изложени се 20 дела од Александар Џинго, Драган Верговски Алпи, Бојана А. Трпческа, Марјан Стојаноски, Верче Николоска, Васил Костов, Тони Чатлески, Атанас Атанасоски, Давид Атанасоски, Дарко Талески, Методи Исков и Марта Макеска кои твореа на годинашната колонија, што се одржа во ноември во ликовното ателје на Центарот.

Колонијата, се реализираше со поддршка на Министерството за култура, а делата што се создадени се дел од наследството на ЦК„Марко Цепенков“, кој има завидна колекција на уметнички дела од претходните колонии.

GOLD
To Top