Новости

Настани

По светската и прилепска премиера на филмот „ Врба“

Во понеделник 4.11. 2019 и вторник 5.11.2019 од 19 часот во големата сала на ЦК„Марко Цепенков“ премиерно ќе биде прикажан најновиот филм на режисерот Милчо Манчевски „ Врба“.

Прилепската публика овие два дена за само 100 денари влезница ќе може да го проследи филмот које е трагедија со хепи-енд. Во филмот има и тажни моменти, ама и многу хумор и радост – како и во животот.

„ Врба“ е македонска филмска приказна, која се појавува моќно, драматичен еп за три македонски жени и нивната желба за семејна љубов. Делото на Манчевски е многу покомплексно одошто може да се замисли. Дел ,од сцените во филмот се снимани во прилепскиот регион.

Сценарио и режија – Милчо Манчевски

Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски, Никола Ристески, Ненад Нацев, Петар Царановиќ

Директор на фотографија – Тамаш Добош

Монтажер – Николс Гастер

Музика – Кирил Џајкоски

Дополнителна музика – Игор Василев Новоградска

Костим – Ѓерѓ Сакач и Жаклина Крстевска

GOLD
To Top