Новости

Настани

Прва самостојна изложба на Анета Бошевска

Синоќа во Магазата се одржа самостојната изложба на Анета Бошевска во организација на Здружението „Златно Перо“.Изложбата беше успешна, а аголем број сограѓани дојдоа да ја поддржат 39-годишната Анета Бошевска која боледува од Мултиплекс Склероза. Средствата од продажбата на сликите ќе оди за нејзиното лекување, односно терапијата која која треба да ја купи.

„Задоволни сме од посетеноста, интересот и продажбата на сликите. Анета мора цврсто да застане на нозе, а после овој настан планирани се изложби во Новаци, Демир Хисар и Скопје. Овие месеци ќе може да си ги купи потребните витамини и лекови, но потребно е уште многу, вели Јулијана Наумовска од Златно Перо.

Анета вели дека почнала да црта кога и било најтешко. Имала талент уште од мала, а откако почнала секојдневно да слика почнала да се чувствува подобро.

„Убаво се чувствував затоа што додека цртам баш сум сконцентрирана само на тоа и почнав психички многу подобро да се чувствувам. Средствата ќе ги искористам за лекови. Изложбата ми значи многу, токму на тој ден, 14 февруари станав за прв пат мајка, тоа е подарок за него“, рече Анета.

 

GOLD
To Top