Новости

Настани

Проекција на кратки филмови од Кино Кабаре Битола 2018

КиноБит ќелијата на 14 октомври 2018 година, во 18 часот во Малата сала на Центар за култура Битола ќе ги промовира кратките филмови изработени за време на настанот Кино Кабаре Битола 2018.

Кратките филмови се изработени од страна на учесниците на овој настан со кој КиноБит и официјално е дел од светското Кино движење (Kino movement) кое започна во Монтреал, Канада, во 1999 година. Концептот на ова движење е изработка на кратки филмови во краток временски период (48-72 часа) без никакви или со малку ресурси.

КиноБит има специјална мисија – да го искористи краткиот филм како средство за промовирање на човековите права во Македонија.

Иницијатор за формирање на КиноБит е Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16, а партнерска соработка за првиот Кино Кабаре настан беше воспоставена со организациите СФЕРА и ЦЕРИ (ПОЛИТЕА), со поддршка и од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ Битола и НУ Центар за култура Битола.

Евротип
SNBROKER
To Top