Новости

Настани

Промоција на книгата „За музиката“ од академик Георги Здравев

На Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола на 20 декември со почеток од 12:00 часот ќе се одржи промоција на книгата „За музиката“ од академик Георги Здравев.

Книгата е во издание на нашата официјална издавачка куќа – Издавачка куќа • Меѓународен Центар за Славјанска Просвета.

Промотор на делото ќе биде Владо Ѓорески.

Уметничката програма ќе ја збогатат ученици од класите по соло пеење од Државно Музичко Училиште -Битола: Елеонора Џоџоска, Михаела Пееска, Елена Башеска, Јована Котевска и Ангела Трајчевска и ученици од школата Korunovska music & singing: Мартин Димитриевски, Александар Гацоски.
Пијано придружба:проф.м-р Александра Јанковска и Томе Спасовски

GOLD
To Top