Новости

Настани

Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија

14-тата Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија се одржа на ден 31 мај 2019 година, во просториите на Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Темата на Тркалезната маса беше: “Мајката – инспирација и/или значаен лик во моето творештво”.

На Средбата со свои излагања учествуваа дваесет и еден роднокраен писател меѓу кои: академик Владимир Костов (во отсуство), проф. Вера Стојчевска Антиќ (во отсуство), проф. д-р Христо Петрески (во отсуство), Добре Тодоровски, Панде Манојлов, Петко Шипинкаровски, Никола Кочовски, Ѓорѓи Прчков, Петре Димовски (во отсуство), Јован Ѓурвски, Ванде Ганчевски, проф. д-р Даниела Андоновска – Трајковска, Весна Мундишевска Велјановска, Милица Димитријовска Радевска, Сања Мучкајева Видановска, Елизабета Јончиќ. За првпат на Средбата присуствуваа и Благој Попоски, Илче Стојановски и Симона Петровска, а гости беа Михајло Свидерски и Михајло Гаџова Свидерска.
Присутните на почетокот беа поздравени од директорот м-р Бојан Стефановски. Модератор на средбата беше д-р Николче Вељановски.

GOLD
To Top