Новости

Настани

СМОТРА #9 – Фестивал на електронска музика во Битола

СМОТРА е мултимедијален проект во форма на музички фестивал креиран од млади ентузијасти кој како главна цел има да ја децентрализира електронската музичка сцена и да ги приближи младите од Битола и Македонија до современата уметност.

Со необични локации (запуштени објекти во поранешната касарна, старата чаршија, подземни гаражи итн.) и внимателно избрани изведувачи кои настапуваат со енергични ди-џеј сетови и настапи во живо, СМОТРА претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура.

Овогодинешното издание ќе се одвива два дена од кои:

Ден 1 / 05ти Јули 2019 – Петок / 17:00 ч. – 21:00 ч. / Нова Сцена – Центар за Култура – Битола
Панел Дискусија: Што претставува технологијата за иднината на музиката?

Технологијата со децении ја промени музиката, од воведувањето на синтисајзерот до поп-иновацијата на „авто-тјун”, а сега сме дури и сведоци на поп ѕвезди на проширена/виртуелна реалност. Но, колку различна ќе биде иднината на музиката?

На панел дискусијата учество ќе земат реномирани личности во сферата на музиката и информатичките технологии.
Ден 2 / 06ти Јули 2019 – Сабота / 21:00 ч. – 02:00 ч. / Стара Битолска Чаршија / ул. Панда Чеснова

Фестивалска вечер 

Line-up:

◥ BINARY THOUGHTS

https://615asocijacija.org/didzeiproducenti/binary-thoughts/

◥ BERRYQYAT
https://615asocijacija.org/didzeiproducenti/berryqyat/

Апликација за волонтери:

https://615asocijacija.org/smotra-volonteri/

Линк до фејсбук настан:

https://www.facebook.com/events/2133769973590404/

 

GOLD
To Top