Новости

Настани

Светскиот ден на книгата и авторското право ќе се одбележи во битолската библиотека

По повод светскиот ден на книгата и авторското право, Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола ќе го одбележи со пригодна манифестација.

ПРОГРАМА ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА

22.04.2019 година (понеделник), 18 часот во просториите на Библиотеката

Книги кои гледаат

Читање на љубовна поезија од страна на глумецот Петар Горко, активност за слепи лица во соработка со Народен театар Битола.

Во холот на библиотеката ќе биде поставена изложба на книги од Мигуел Де Сервантес, Вилијам Шекспир, Никола Бувие и Хорхе Луис Борхес

23.04 .2019 година (вторник), со почеток во 12 часот во просториите на Библиотеката

СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА И АВТОРСКИ ПРАВА

Работилница за млади „ Патување„

“Voyageons en lisant“

Инспирирана од книгите на писателот Никола Бувие.

Градејќи го концептот на место кое на своите граѓани им нуди сигурно, креативно и едукативно место за нивните деца Библиотеката во соработка со Француската алијанса организира работилници за правење на е-книга.

Младата генерација размислува и делува многу брзо, технолошки напредно и заради тоа е потребно осмислување на програми кои ќе ги задоволат нивните когнитивни и перцептивни способности.

Деца од повеќе училишта ќе имаат можност со едукаторите да прават заедничка електронска книга со која ќе патуваат и сонуваат следејќи го патот на книгата од Шпанија каде инспирирани од стар каталонски обичај на подарување книга и цвет, преку Англија, Франција и др. земји инспирирани од Шекспир, Серватес и Борхес ќе патуваме до Аргентина. Децата ќе ја внесат и својата лична приказна во изготвување на книгата, како и спремноста да работат заедно и да го развиваат духот на соработка и взаемно почитување и толеранција.

На работилницата ќе се придружи и Коста Ќука како претставник на лица со попреченост со пишување на инспиративни мисли на големи автори.

Проектот е поддржан од Француски Институт Скопје.

24.04.2019 година (среда)

Промоција на книгата (научен труд) Библиографски опис на составни делови : прирачник од авторите:

Валентина Дојчиновска-Илиоска, Наташа Бундовска и Софче Марковиќ

Идејата за одбележување на Светскиот ден на книгата и авторското право, потекнува од Каталонија, каде на 23-ти Април на денот на католичкиот празник „Св.Јурја“, традиционално се подарува ружа за секоја подарена книга, традиција која трае скоро 100 години.

Се смета дека токму овој датум е избран затоа што на 23 април како повод е земена и смртта на великаните на светската книжевност Мигуел Де Сервантес и Вилијам Шекспир.

GOLD
To Top