Новости

Настани

Синоќа во Битола се одржа Јавна трибина за борба против Детска парализа

Вчера Ротари Клуб Битола Широк Сокак во соработка со Болница “Плодност” и ЈЗУ д-р “Хаим Абраванел” по повод 24.10. Меѓународниот ден за борба против Полиото организираа Јавна Трибина на тема ” Ротари во мисија за искоренување на детската парализа”.

Учествуваа Спец.д-р Аница Апчевска, Спец.д-р Маргарита Камбовска и Др. Хелга Павловска.

„Poliomyelitis“ е високо инфективна болест која најчесто ги зафаќа децата под 5 – годишна возраст. Повеќе го знаат како Поливирус (Детска парализа). Вирусот се шири на лице обично преку контаминирана вода. Може да го нападне нервниот систем, а во некои случаи доведува до парализа. Иако не постои лек, постои безбедна и ефективна вакцина.

Предавачите преку своите излагања ни ги покажаа придобивките од редовна имунизација како и последиците од неспроведување на истата.

GOLD
To Top