Новости

Настани

Синоќа се одржа „Кубанската вечер“ со фламенко игри во Прилеп

Синоќа во големата сала од ЦК„Марко Цепенков“ се одржа Кубанска вечер што беше извонреден музички настан. Бендот ЕКОС Фламенко приреди одлично музичко шоу со фламенко игри. Публиката уживаше во исклучително одличниот настап на кубанските танчери, чие гостување во нашиот град беше дел од нивната европска турнеја.

Посетителите имаа можност да се запознаат со кубанскиот идентитет преку музика, гестови, движеа, преку внатрешниот ритам на секој уметник. Преку музиката и танцот, танчерите го прикажа енергичното, но воедно и елегантното присуство на уметноста на фламенкото. Нивната изведба беше на високо техничко ниво, за што на крај публиката – танчерите и музичарите ги награди со аплауз.

Кубанската вечер ја реализираа ЦК „Марко Цепенков“ и Општина Прилеп.

GOLD
To Top