Новости

Настани

Утре во Битола промоција на книгата “Кога тато ќе порасне“ од израелскиот автор – амбасадорот Дан Оријан

Утре во 16 часот во Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ Битола, ќе се одржи промоција на книгата “Кога тато ќе  порасне“ од израелскиот автор – амбасадорот Дан Оријан.

Битолската библиотека преку иновативните проекти, секоја година настојува да ги следи современите трендови и текови на развој на библиотечната дејност и библиотеките како објекти од поширок општествен интерес.

Со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, оваа година се реализира проекот „Сликовница за секое дете“.

Проектот настојува да ја сензибилизира пошироката јавност за еднаков третман и пристап на лицата со оштетен слух, говор и вид до јавните интитуции и јавните добра.

„Кога тато ќе порасне“ е мала, но многу вредна книга, напишана од еден дипломат кој се уште го негува детето во себе, книга за секое дете и секој возрасен. Книга за желбите и соништата.

Книгата е обработена во двд формат чија содржина се раскажува и со знаковен  јазик.

Мултимедијалното цд е одлична можност и за љубителите на книгата кои имаат проблем со видот, читањето им претставува напор, кои од различни причини не се во можност да читаат ( им се тресат рацете, подобро се чувстуваат слушајќи книги, подобро се концентрираат и помнат слушајки книга итн)

 

Евротип
Евротип
To Top