Новости

Настани

Утре во Магазата промоција на филмуваната реконструкција ЛАЗАРИЦЕ од авторот Бојан Петковски

Како дел од 49. Републички фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ во Битола ќе биде промовирана Филмуваната реконструкција ЛАЗАРИЦЕ од авторот Бојан Петковски. Настанот ќе се одржи на 29.07.2019 година во почеток во 22:30 часот во културниот центар Магаза во Битола. Посетителите ќе може да проследат еден поинаков начин на презентирање на традиционаланта култура, во конкретниот случај на женски обредни поворки позрани со празникот Лазарова сабота во етничкиот предел Долни Полог. Освен проекцијата на филмот за посетителите се подготвува перформанс кој ќе биде вистинско ужување.

GOLD
To Top