Новости

Настани

Утре изложба „Постварување“ од Сотир Хаџи Николов во Прилеп

На 7 декември 2018 /петок/ во 18.30 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Постварување“ од уметникот Сотир Хаџи Николов од Гевгелија.

Изложбата, (слики и објекти) финансирана од Министерството за култура, ќе биде поставена до 20 декември 2018.

За уметникот: 

Сотир Хаџи-Николов, роден на 29.08.1986 година во Гевгелија. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија како и на Мултимедија центарот во Гевгелија. Има учествувано на симпозиуми во Македонија, Бугарија, Турција, Грузија како и на повеќе групни изложби. Изложбата насловена „Постварување“ е неговата втора самостојна изложба.

GOLD
SN Finansii
To Top