Новости

Настани

Утре изложба „Раѓање на битието“ од Александар Јанец – Јанев во Прилеп

Во петок 17 мај 2019 во 19. 00 часот во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на скулптури „РАЃАЊЕ НА БИТИЕТО“ од АЛЕКСАНДАР ЈАНЕВ – ЈАНЕВ.

Изложбата е дел од годишната програма на НУЦК„Марко Цепенков“ за 2019 г.

Податоци за авторот: 

Александар Јанев, роден во Гевгелија.

Во 2011 година дипломирал на УКИМ, ФЛУ- Скопје, оддел вајарство со графички дизајн во класата на професор Беди Ибрахим.

Живее и работи во Гевгелија како наставник по ликовно образование.

Член и претседател е на Друштвото на Ликовни уметници во Гевгелија – ДЛУГ и член на Мултимедиа центар Гевгелија од 2009 година.

§ Учествувал на сите групни изложби на ДЛУГ и Мултимедиа центар.

§ Учествувал на меѓународната ликовна колонија во Севлиево, Република Бугарија – 2014 година.

§ Учествувал на меѓународната ликовна колонија во Куманово – 2015 година.

§ Учествувал на меѓународната ликовна колонија (Аполонија) во Гевгелија – 2016 година.

 

 

GOLD
To Top