Новости

Настани

Утре изложба на дела на Атанас Ристески – Пембе во Прилеп

Изложба на дела од Атанас Ристески – Пембе ќе биде отворена во вторник (14.5) од 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп.

Уметникот ќе се претстави со дел од своето творештво работено низ годините.

Биографија: 

Атанас Ристески – Пембе е роден во Прилеп. Завршил Архитектонски факултет во Скопје. По неговото завршување работи како архитект во рудници и фабрика Партизан, а подоцна во своето Проектно биро „Арх Пембе“. Покрај со архитектурата од најмало детство се занимава со сликарство.

Има реализирано четири самостојни изложби – две во Прилеп и една во Битола и во Скопје.

Пембе е хроничар и дескриптер на старата архитектура и традиција.

GOLD
To Top