Новости

Настани

Утре изложба на струмичката ликовна колонија во Прилеп

На петти март во вторник со почеток од 13.00 часот во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од Струмичката ликовна колонија.

Љубителите на уметноста ќе имаат можност да проследат 30 дела од 16 ликовни уметници од Македонија, Полска, Бугарија, Романија, Турција, Србија, Чешка и Украина, кои учествуваа на 55 издание на меѓународната Струмичка ликовна колонија.

– Струмичката ликовна колонија има долга традиција и во неа поминале голем број реномирани ликовни уметници. Една од карактеристиките на оваа манифестација е слободниот израз. Слободата е најважна за авторот, ако е тој послободен, тој е и покреативен – велат од Струмичката ликовна колонија.

Изложбата на Струмичката ликовна колонија е плод на соработката меѓу двата Центри за култура- од Прилеп и од Струмица.

GOLD
To Top