Новости

Настани

Утре изложба од Александар Станковски во Прилеп

На 13 септември /петок/ 2019, во 19.30 часот во ликовната галерија од ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од Александар Станкоски.

„СОСТОЈБИ“

Отсекогаш сум гледал на уметноста како на бескраен духовен простор со огромни интерактивни капацитети. Тоа, од оваа манифестација на вселенската мудрост создава творби низ личноста на уметникот, кој посредува помеѓу духовното и материјалното, имагинативното и конкретното. Уметничкото творештво е трансформација на невидливата потенција во видливите креации. Сето ова создава чудесни патувања низ можностите и очекувањата, ораничувањата и идеалот. Некои уметници, па дури и уметнички дела, се вообличуваат низ тешки маки и страданија, додека други, низ забава и игра, подобна на детската. Сето ова искуство е комбинација на овие два аспекта, агонија и екстаза, болка и задоволство, заедништво и изолација и, конечно, непоимливата генеза на состојбите на свеста. Затоа уметничкото творештво е во непрестаен дијалог со духот на времето, со смислата на минатото, иднината и идентитетот, со животот сам.

GOLD
To Top