Новости

Настани

Утре работилница за класичен и модерен балет во Прилеп

На 13 септември /петок/ 2019 во 12.00 часот во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи Работилница за класичен и модерен балет.

Работилницата ќе ја водат Маја Каревски (класичен балет) и Христина Ангеловска (модерен балет).

Работилницата, Центарот ја реализира со балетското студио „Балерина„ од Скопје и танцовото студио „Зодијак“.

Настанот е дел од годишната програма на Центарот, поддржан од Министерството за култура.

GOLD
To Top