Новости

Настани

Утре целовечерен концерт на академскиот хор „Мирче Ацев“ во Прилеп

Во четврток 20 септември 2018 во 20.00 часот во изложбениот салон од ЦК„Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи академскиот хор „Мирче Ацев“, што е дел од АКУД при Универзитетот„Кирил и Методиј“.

Програма: 

1. Ave verum Alwin M. Schronen

2. Nothern lights Ola Gjeilo

3. В молитвах неусипајушчују Богородицу С. Рахманинов

4. Руковет X С. Мокрањац

5. Ајде слушај Калеш Анѓо/ Момиче мало С. Гајдов

6. Орал дедо Д. Шуплевски

7. Македонска хумореска Т. Скаловски

8. Рум, дум, дум Д. Шуплевски

9. Чае шукарие Д. Шуплевски

10. Голема ч’чкалица Д. Величковиќ

11. InsalataItaliana R.Genee

12. Сплет на песни од Тоше Проески ар. Д. Темков

Пијано придружба – Тамара Коминовска

Диригент: Јасмина Ѓорѓеска

Податоци за хорот: 

Академскиот хор “Мирче Ацев” е дел од Академскотo културно-уметничко друштво при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје-Р.Македонија. Академскиот хор постои од основањето на здружението во 1949 година. Од тогаш, па се до денес, хорот опстојува одржувајќи многубројни успешни настапи и освојувајќи голем број на награди на фестивали низ целиот свет. Вредни за споменување се следните: Прва награда Langollen-Англија 1962; Четврта награда-Хорски фестивал во Арецо-Италија – 1963; Учество на фестивалот на студентите во Њујорк 1965; Трета награда-Хорски фестивал во Корк-Ирска 1973, Серија концерти во Франција, Полска, Англија, Италија, Бугарија, Унгарија, Романија, Холандија и други земји; Третата и четвртата награда во Мидлзборо-Англија 1982; Прва награда во Мидлзборо 1984;

Учество на фестивалот “Harmonie” во Lindenholzhausen-Германија 1987; Сребрена диплома-Будимпешта 1997. Академскиот хор забележува одличен настап во Познан-Полска во 2001 година како учесник на фестивалот “Universitas Cantat”. Во 2002 година учествува на Првиот меѓународен хорски фестивал во Рандерс-Данска. Во 2003 година Академскиот хор беше учесник на X Меѓународeн хорски фестивал во Neuchatel-Швајцарија, а на “Harmonie” фестивалот во Lindenholzhausen-Германија во мај 2005 година хорот освои два сребрени сертификати. Во 2006 година Академскиот хор учествуваше на првиот Европски хорски фестивал во Солун-Грција, и учествуваше на Меѓународниот хорски фестивал во Ниш-Србија (неконкурентен фестивал, но освои сертификат како најдобар хор кој изведува народна програма).

GOLD
To Top