Новости

Настани

Утре ќе биде отворена изложбата „Борба и страдање – Полските граѓани за време на Втората светска војна“

На 2.10.2019 /среда/ во 12.00 часот во ЦК„Марко Цепенков“ Прилеп ќе биде отворена изложбата „Борба и страдање – Полските граѓани за време на Втората светска војна“.

Изложбата ЦК„Марко Цепенков“ ја реализира во соработка со Амбасадата на Полска.

(На отворањето на изложбата се очекува и присуството на амбасадорот на Полска).

Изложбата е подготвена од полското Министерство за надворешни работи и Музејот на втората светска војна од Гдањск за одбележување на 80-годишнината од избувнувањето на војната која започна со нападот на нацистичка Германија на Полска. Овој најголем вооружен конфликт во историјата донесе огромни човечки и материјални загуби, а исто така имаше големо влијание врз политичките и територијалните промени во Европа по 1945 година.

Изложбата ја раскажува историјата на полската борба против тоталитарниот режим, копнежот по слобода и хероизмот да се спасат други, храброста на војниците и обичните луѓе, заедничка борба против непријателот и борбата за слобода на другите земји.

GOLD
To Top