Новости

Настани

Фолклорни ансамбли од три континенти ќе бидат дел од 49-то издание на фестивалот „Илинденски денови“ Битола

1500 учесници на пет фестивалски денови ќе продефилираат на 49-то издание на интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ кој се одржува во Битола. Со фолклор ќе се претстават групи од Мексико, Индија, Русија, Италија, Белгија, Израел, а ќе настапат и македонски фолклорни друштва. Ова е најголемиот фестивал кој го организира Центарот за култура Битола, истакна Маја Андоновска Илијевски, директор на фестивалот.

-Од 24 до средината на идната седмица со различни манифестации ќе го одбележуваме фолклорот и ќе бидеме раскрсница на најразличнимкултури, а нашиот град ќе живее во звуците, песните, танците кои ќе бидат во нашиот град. Фестивалот е финансиран од Министерството за култура, покровител е Собранието на Република Северна Македонија, а Општина Битола и градоначалникот Наташа Петровска го спонзорираат концертот за затворање на фестивалот, концертот на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ.

На пресот зборуваше и Валентин Соколевски –  етнолог вработен во Центарот за култура и долгогодишен стручен соработник и координатор на овој фестивал. Тој истакна дека „Илинденски денови“ е фестивал со симболично име и племенита мисија посветена на највредните човекови креации на бесценетата народна културна традиција на ансамбли од сите страни на светот. Почитувајќи ја традицијата, фестивалот стана традиција.

-Пред се овој фестивал е фестивал на автентични, изворни македонски вредности и вредности на заедниците кои живеат во Република Северна Македонија. Оваа година имаме 30 ансамбли од кои 6 се од три континенти во светот. Ова не е само песна и игра, ова е чување на традицијата, ова е пренесување на традицијата, зачувување на минатото во интерес на иднината.

Во 2017 година, во Индонезија на еден од светските конгреси на CIOFF [ Council of International organizations of folklore festivals & folk arts ], фестивалот ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ станува сертифициран CIOFF Festival, со што се вбројува меѓу 100-те најреномирани фолклорни фестивали ширум светот, исполнувајќи ги строгите критериуми на оваа светска организација која е официјален партнер на УНЕСКО, акредитирана  од неговиот комитетот за чување и промовирање на традиционалната култура и фолклор кои се нематеријално светско културно наследство.

GOLD
To Top