Новости

Настани

Чалгиска музика и традиција во битолската чаршија – вечерва започнува „Локум фест“

Од минатогодишното издание на Локум фест

Вечерва во срцето на старата битолска чаршија започнува 13-то издание на „Локум фест“, единствен ваков фестивал во земјава, кој ги спојува ; традиционалната и модерната музика ( чалгија, етно -фјужн, world music, сефардска музика, креативните индустрии од регионот- Саем на ракотоворци, промовирање на живото културно наследство и развојот на културниот туризам.

Целта на фестивалот е зачувување на традицијата и заживување на битолската чаршија, како и развивање на туризмот во Битола, а организаторот Тоше Ивановски додаде дека за 13 години овој фестивал во Битола има донесено преку 60 ансамбли.

Локум Фест се држи до културата, а не естрадата посочи Ивановски претставувајќи ја овогодинешната програма и уметниците кои ќе настапат.

Ивановски се заблагодари за поддршката од Регионалната занаетчиската комора и Македонското здружение на ракотворци „Зур – Македонски ракотворби“ и посочи дека оваа година имаат значителна посетеност од странство како и продлабочена соработка со занаетчии од другите градови во нашата држава, но и надвор од неа.

Оваа година со свои точки на 13. издание на Локум Фест ќе се претстават и поетесата Анита Бошкова како и студентот по историја Васко Гичевски со своите Приказни од ориентална Битола.

Во изминатите дванаесет години на „Локум фест“ настапиле преку шеесет анасамбли од дваесетина земји од регионот и светот. Ја продолжуваме традицијата, со реномирани имиња како:„Ансамбл Македонија, Thanos Stavridis & dRom Р.Грција, Вокални хорови од Р.Бугарија, Византиска силуета-Исланд, Бјонко & Балкан бит-Данска, „Перија“- Р.С. Македонија, и светките уметници , перкусионистот Марко Боско од Бразил, Маки Хацхија-Токио, Јордан Костов -МК…

„Локум фест-музика и традиција е поддржан од Министерство за култура на Р. Северна .Македонија, Министерство за Економија,Р. Северна Македонија, Агенција за поддршка и промоција на туризмот , како и Општина Битола, во рамките на програмата на Бит фест 2019.

GOLD
To Top