Новости

Настани

Битола, магичен град над театарските штици што живот значат! – Свечено отварање на Интернационалниот фестивал на монодрама

Некаде помеѓу шармот на животот во нашиот град и културата, синоќа уживавме во пријатна атмосфера, славејќи ја театарската уметност.

Битола секогаш достоинствено ја покажува својата гостопримливост и е домаќин за многу земји од светот на Интернационалниот фестивал на модондрама.

Вчеравечер свечено се отвори 23 издание на овој веќе брендиран и на далеку прочуен меѓународен културен настан, каде публиката го има задоволството да ужива во таа поинаква потрага по изгубениот триаголник актер – сцена – публика.

„Само глас“, беше насловот на извонредната претстава која официално ги отвори вратите на
публиката и ја подготви за ново доживување кое ќе трае до 21ви
Мај во Битола, градот на уметноста, културата, духот и зародишот на емотивниот театарски миг во кој секогаш уживаме.

Инаку ,,Само глас“ од младата авторка Нина Плавањац е комуникациска современа музичка драма во режија на Марјан Неќак, кој е е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото.

Преку гласовите на маестралните актери Звездана Ангеловска и Никола Ристановски уживавме во претставата која ја наградивме со громогласен аплауз, а понатаму, би истакнале дел од говорот на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која го прогласи за отворен фестивалот:

,,Во овие седум фестивалски денови ќе биде задоволство да проследиме монодрамски претстави на актери од 11 земји и да им го подариме нашето достојно внимание”!

Битолчани, не пропуштајте го ова театарско уживање и докажете дека ова е магичен град на љубовта, романсата, културата, уметноста. Да докажеме дека овде сеуште се слуша, почитува и ужива крцкањето на штиците што живот значат!

Евротип
SNBROKER
To Top