Новости

Настани

Во Битола завршува јубилејниот Интернационален фестивал на класична музика „Интерфест”

Со целовечерен концерт на битолскиот камерен оркестар и гостинот од Унгарија Антал Залаи, вечер завршува јубилејното 30. издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест”.

На последната фестивалска вечер познатиот уметник на виолина Антал Залаи со камерниот оркестар од градот домаќин ќе изведат дела од Холст, Григ, Менделсон, Сен-Санс и Сарастате, и под диригентсво на Ендер Сакпинар од Турција.

„Интерфест-Битола” годинава беше организиран во чест на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет и лингвист Блаже Конески

Евротип
Евротип
To Top