Новости

Настани

Во петок изложба од Игор Таневски во Прилеп насловена „Релации“

На 4 јуни 2021/ петок/ од 12.00 ч. ќе биде отворена изложбата „РЕЛАЦИИ“ од уметникот Игор Таневски. Гостин во проектот е Филип Ивановски Пепе.

„Релации“ е проект во процес, кој започна во 2019 год. како повремена интервенција во простор од транспарентни пластични објекти и растенија, во Ботаничката градина во Скопје, додека инсталацијата „Релации“ поставена во Ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп реферира на човековиот однос кон природата и кон животот, воопшто во време на изолација, сепарација и време на карантин каде што запираме на определено време со своите рутински постапки.

Инсталацијата се состои од дигитален отпечаток на интервенција во простор, објекти од транспарентна боена пластика или Неколку модели на кооперацијаи полиптих од Филип Ивановски Пепе, гостин во проектот кој ги претставува Приказните од нашето секојдневие, изгубената контрола и вредоности во објектите Изгубени работи.

Авторот Игор Таневски за проектот

Преку експериментирање со различни технологии и техники при реализирањето на делата, увидов дека постојано се прашувам и интересирам за прашањата, врзани со елементите, водата, просторната перцепција, како човештвото делува во сегашноста и каква иднина создаваме и, накрај, каков сушност се менува светот… Какви релации воспоставуваме едни со други, со природата, во животот, воопшто, секаде во време на паметни технологии и интернет, како пред одредени неопходности…

Со визуелно и ликовно истражување во полето на инсталацијата, објектот, сликарството и дигитално обработените видео-фрејмови, уметноста ја доживувам како отворен систем кој константно го шири нашиот спектар за восприемање искуства. Преку контекстуализација на некоја мисла во естетски предмет, поставена на платформа за да биде видена и исчитана.

GOLD
To Top