Новости

Настани

Во петок изложба од Марија Трпеска во Прилеп

Информација за изложбата „Слободен влез – Free entry“ од Марија Трпеска

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во петок, 19 март 2021г., во 12.00 ч. ќе биде отворена изложбата „Слободен влез – Free entry“ од уметницата Марија Трпеска. Изложбата е прва од годинашната програма на ЦК „Марко Цепенков“ поддржана од Министерството за култура, во која се планирани над 20 изложби.

За проектот (Уметницата Марија Трпеска)

Ликовниот Проект „Слободен влез – Free entry‟се однесува на континуираното присуство на едно лице на културни настани, неговата потреба, интерес за посетување на ликовни изложбии неговото огромно визуелно искуство. Истражувајки го присуството на луѓе на ликовни изложби во државните културни институции, уметничките галерии и музеи забележав дека бројот на посетители е многу мал и дека нема голем интерес особено од млада публика. Состојбата на „празни‟ галерии ме наведе да забележамдека еден човек е постојано присутен и им дава важност и смисла на сите ликовни излагања. Одлучив да му заблагодарам така што го вклучив во мојот проект, насликан како стои пред вратите на седум галерии и музеи во Скопје.

За целите на проектот неговото мислење и ставови во врска со ликовната сцена ми беа многу важни за да ми отвори прашања – што би се случувало на ликовнитеизложби ако не постои ликовната критика, ако ги нема претставниците од културните институции, комисиите за култура, советниците за култура? Која епотребата и интересот на „неуметникот‟да гледа и да се обиде да толкува уметничко дело? Дел од истражувањето еи слободното (бесплатното) влегување низ вратите на истите, како и создавањето на визуелно искуство од она што се презентира; дефинирање на разликата помеѓу „гледањето“ (Vision) и „визуелноста“ (Visuality).

Првиот дел на проектот се реализираше со отварање на мојата прва самостојна изложба во декември во 2018 година во Галерија ФЛУ – Скопје. Изложбата ја отвори Тодорче Тодевски – најприсутниот човек на сите културни настани, кој им дава важност и смисла на сите ликовни излагања со своетоконтинуирано присуство. Тоа воедно го прави и човек со најголемо визуелно искуство. Вториот дел се однесува на реализација на уметничко видео.

Со реализација на оваа изложба очекувам дека проектот ќе продолжи и ќе се развие во насока на нужноста за промена на современите уметнички практики во Македонија, ќе отвори можност за понатамошни промислувања за општествените појави низ уметничкото и ќе се обиде да создаде ново гледиште за релацијата дело – гледач, или автор – критичар.

GOLD
To Top