Новости

Настани

Во центарот на Мелбурн на пијано ечи македонска песна!

Битолчанецот Христијан Спировски е вистински виртуоз ни пијано. Спировски го открил својот талент и започнал да свири во 1995 година. Се запишал во нижото музичко училиште во Битола.

Инаку овој наш сограѓанин на кого се гордееме, ни е познат по настапот на фестивалот Си-До, (1998), Мал конзул (1999) i Тра-ла-ла (2000)  како и настапот на Пулси квиз шоу на МТВ. во 1999. Средното музичко училиште, Спировски го дозавршил во Мелбурн во 2006 година.

Она што е интересно за талентираниот битолчанец, е што тој е промотор на македонската музика што ја пее насекаде низ Мелбурн, Австралија.

,,Ако одам во Битола“, „Битола мој роден крај“, ,,Македонско девојче” и многу други македонски класици ечат низ различни места во градот како на аеродромот во позната светска метропола, така и во центарот на градот каде Христијан ги исвири овие ноти.

Одлучив да свирам во Мелбурн бидејќи за мене музиката е лек за душата. Со музиката шириме љубов, среќни моменти“, вели Христијан и додава „Ги сакам и песните на Оливер Драгојевиќ па секаде ги изведувам, но нашите македонски песни ми се посебно во срцето, а присутните каде и да настапувам со задоволство ги слушаат и ги бараат на бис“.

Во продолжение погледнете еден од неговите настапи со македонска музика за која Христијан преку звуците на пијано допира до публиката и предизвикува восхит од светот кон она нешто што се нарекува НАШЕ И МАКЕДОНСКО.

Евротип
SNBROKER
To Top