Новости

Настани

….,,Да ја помилуваме одблизу песната на народот и да ја налееме со љубов” – Зарина Првасевда со концерт во Битола

 На 13 октомври со почеток од 20 часот во Центарот за култура во Битола, Зарина Првасевда, после
успешниот концерт во Македонската Филхармонија по повод издавањето на нејзиниот прв албум „ЕХО“, ќе одржи концерт придружувана од нејзиниот ансамбл во Битола ( 13 октомври).
Битолската публика ќе има можност да ужива во изведбата на песни од Зарина од својот – прв официјален
студиски албум, насловен „ ЕХО “, кој неодамна го издаде за издавачката куќа Croatia.
Истиот е склоп од 11 традиционални песни од Балканот, спакувани во нови
аранжмани, а отпејан е на 5 јазици: Македонски, Албански, Турски, Српски и Бугарски.
Она што за сигурно го знам е дека ќе имаме можност повторно заедно да ја одживееме магијата и синергијата што ни се случи нам присутните во Македонската Филхармонија, преку фреквенцијата на музиката да се прегрнуваме, да плачеме и да се утешиме, да и се радуваме , да ја помилуваме одблизу песната на народот , да ја налееме со љубов и
одново да и дадеме крила, онака како што таа заслужува за да лета слободна и да патува се до онаму до кадешто некому ќе биде мелем . ’’ вели Зарина.
Евротип
SNBROKER
To Top