Новости

Настани

Делегација на фестивалот „Илинденски денови“ на средба ссо министерката за култура

Делегација на фестивалот Илинденски Денови имаше средба со Министерката за култура Ирена Стефкова во Министерството за култура во Скопје.

„Се сретнав со Филип Бусон, претседател на Меѓународниот совет на организации на фолклорни фестивали и уметности, ЦИОФФ, која е дел од УНЕСКО. Тој деновиве го следи фестивалот „Илинденски денови“ и со голем респект говори за високата професионалност на манифестацијата, единствената од земјава која има сертификат за членство во оваа меѓународна организација.
Разговаравме за заштитата на нематеријалното наследство и за можностите за унапредување на соработката на експертско ниво со CIOFF каде што членуваат 108 земји во светот, а над еден милион луѓе се вмрежени во организацијата преку секциите во секоја од земјите” – изјави Стефкова по завршувањето на средбата.

“Сертифицираниот фестивал Илинденски денови од страна CIOFF, гостувањето КУД “Илинден” од Битола на Светската фолклоријада во Уфа,Русија се само потврда дека градот Битола игра значајна улога на меѓународно ниво кога зборуваме за фолклорот. Значајна е и меѓународна активност која ја има СОФАМ – национална секција на CIOFF од вашата земја кој е наш член и со кој градиме исклучително плодна соработка” – истакна Филип Бусон на средбата.

Директорката на Центарот за култура Маја Андоновска Илијевски ја истакна важната поддршка која Фестивалот ја добива од Министерството, кое го има ставено овој настан во Годишната програма од национален интерес и ја искористи приликата да и подари на Министерката подароци кои ги направија вредните раце на учесниците на работилниците на Фестивалот.

СН Брокер
To Top