Новости

Настани

„Детска насмевка за овој свет“ – Вечерва во Крушево концерт за животот и делото на непреболениот Тоше Проески

„Тодор Проески“, амфитеатарот во Спомен куќата во Крушево, вечерва 29 Јуни, ќе биде сцена за хуманитарниот концерт со наслов „Детска насмевка за овој свет“.

во Крушево вечер ќе се одржи хуманитарен концерт  Концертот е во

Зборувајќи за никогаш непреболениот Тоше Проевски, концертот ќе биде во негова чест, концентрирајќи се за животот и делото на Тоше каде млади таленти ќе интерпретираат негови песни.

Хуманитарната непрофитабилна организација „Play Without Boundaires“ („Игра Без Граници“), регистрирана во Австралија во 2015 година во чест на Тоше Проески, и со поддршка на Спомен куќата се оние кои стојат потпишани како организатори на  овој настан.

– Дваесет и деветти јуни е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е оддржан неговиот прв концерт на градски стадион, кој сега е именуван по неговото име. За интерпретација на безвременските хитови на Тоше, задолжени се нашите звезди Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска, поддржани со музичките групи „Инвиктус“ и „Мелем“. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња, информираат организаторите.

Евротип
SNBROKER
To Top