Новости

Настани

Европски денови на културното наследство во Прилеп

Со манифестацијата „Уметниците во музеите – музеите со уметниците“ чиј куратор е м-р Маја Ралева Миладиновска, денеска напладне во Завод и Музеј – Прилеп започнуваат Европските денови на културното наследство. Заводот и Музеј се вклучува активно во манифестацијата со организирање на серија од специфични настани на тема „Одржливо културно наследство“.

Утре пладне ќе има дигитална презентација „Резултатите од археолошките истражувања како мотив за одржливоста на локалитетот Стибера во село Чепигово“ што ќе ја реализира кустосот советник Душко Темелкоски.

В понеделник е настанот интеракција на тема „Мултиперспективноста на културно историските споменици – Креативна лабораторија 1. Обуј ги чевлите од друг, погледни од другата страна, влези во туѓа кожа“ чија цел е поттикнување на креативност и критичко размислување, а куратор е м-р Паре Зарески и ќе се реализира во Меморијалниот музеј 11-ти Октомври.

Во рамките на Европските денови е и патувачката изложба „Биографија низ Фотографија – Ченто“, што е поставена во Музејот на Македонската борба во Скопје од кустосот советник Рубинчо Белчески, а до 27 септември ќе се реализира и настанот заштита на „Недопирливото културно наследство“ – школска едукација – континуирана
дигитално претставување, чиј куратор е советникот кустос Алекандар Цветкоски.

Преку Европските денови на културното наследство, велат надлежните од Завод и Музеј, ќе се поттикне креативноста и имагинативноста посебно кај школската младина.

Евротип
SNBROKER
To Top